Џет-Сет
9. January 2016 - 10:59

Дејвид Боуви објави нов, досега најиновативен, албум

Легендарниот британски пејач Дејвид Боуви, денеска на својот 69 роденден, објави нов албум именуван „Blackstar“, кој критичарите веќе го оценуваат како негов најиновативен досега. 

Албумот се темели на џез мусиката, рапавиот глас на Боуви, звукот на саксофонот, неговиот прв инструмент, и ритам секција. 

На Боуви при создавањето на албумот му помагал познатиот американски саксофонист Дони Меккаслин, кој го истражува звукот во полето на модерниот џез фанк и електронската музика.

Во две песни учествувал и Џејмс Марфи, движечката сила на бендот „ЛЦД Саундсистем“, кој во 20-от век важеше за еден од најважните претставници на електронската музика. 

На 25-от студиски албум на Боуви има седум песни. Насловната трае 10 минути и говори за смртта и религијата. Слична е и песната „Lazarus“, која Боуви ја напиша за истоимениот мјузикл, и која ја издаде минатиот месец како сингл и со неа го најави новиот албум. 

Последниот албум, пред овој, „The Next Day“, Боуви го издаде во 2013 година, по десетгодишниот дискографски прекин. И тогаш својот прв сингл „Where Are We Now" го објави на својот роденден.