Балкан
16. February 2017 - 9:51

Дејселблум: Ако ММФ се повлече, Грција ќе банкротира

Грција ќе банкротира ако Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одлучи да ја повлече спасувачката програма, изјави во холандскиот Парламент претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.

- Мојата работа е да ја стабилизирам ситуацијата во Грција. А такво нешто е во интерес на сите нас. Тоа е најдоброто како од економска, така и од политичка гледна точка и точно тоа го правам, посочи Дејселблум.

Тој наведе дека консултациите со Грција за следната транша нема да завршат пред седницата на Еврогрупата, закажана на 20 февруари и оти ММФ треба да одлучи за учество во грчката програма.

- ММФ не сака да ја изостави Грција, потенцира Дејселблум.