Живот
20. November 2018 - 21:44

Дејна излегла од лифтот без да насети ништо: Србинка убиена во болница во Чикаго по кавга околу вереничкиот прстен

Три лица загинаа од раните здобиени во чикашката болница „мерси“, а според неофицијалните информации меѓу убиените е и 25-годишна девојка со српско потекло од Чикаго Дејна Лес.

Чикаго Трибјун наведе, повикувајќи се на очевидци, дека полицијата е повикана во болница откако напаѓачот се судрил со својата девојка, докторката Тамара О’Нил, поради раскинатата веридба. Тој неа ја погодил повеќе пати со огнено оружје.

Напаѓачот потоа почнал да пука во ходникот од болницата, усмртувајќи фармацевтка која во тој момент излегувала од лифтот несвесна за драмата која во тој момент се случувала околу нејзе и полицаецот на должност кој му се спротивставил.

АП наведува дека не е прецизирано дали напаѓачот извршил самоубиство или е убиен.

Неофицијално, меѓу убиените е и 25-годишната девојка со српско потекло Дејна Лес.

Таа летово дипломирала фармација на познатиот универзитет во Индијани, кој се наоѓа на околу два часа возење, јужно од Чикаго.

Пријателита на Дејна Лес на социјалните мрежи објавуваа дека таа во јули се вработила во болнциата и дека имала закажано венчавка за почетокот на следната година.

Во текот на студирањето волонтирала на СОС телефонот за жртви на силување и спречување на самоубиства.