Џет-Сет
24. March 2016 - 11:19

„Дејли Мејл“: Аксел Роуз нов вокалист на Еј-Си/Ди-Си

Групата Еј-Си/Ди-Си (AC/DC) пред неодамна официјално објави дека ја откажува тековната американска турнеа, откако лекарите го предупредија вокалистот Брајан Џонсон дека би можел целосно да го загуби слухот, поради бучавата на концертите.

Но, весникот „Дејли Мејл“, повикувајќи се на американското Радио Атланта, сега тврди дека замена за Џонсон ќе биде Аксл Роуз, легендарниот пејач на групата „Ганс ен Роузес“, 

Гласините ги поттикна веста дека на музичките проби на Еј-Си/Ди-Си во Атланта бил виден токму Аксл.

Ди-Џеј на Радио Атланта открива дека информацијата ја добил од „многу доверлив извор“.

Џонсон (68) е вокалот Еј-Си/Ди-Си од 1980 година, а фановите на групата сметаат дека без него таа никогаш нема да биде тоа што беше.