Македонија
19. January 2020 - 15:47

Дејен Петрушев по вторпат го фати крстот во водите на Вардар во Велес

Најсреќен и најбрз од 71 меѓу кои и две девојки, кои денеска по повод празникот Богојавление-Водици влегоа во ладните води на Вардар, прв стигна и го фати светиот крст две години едноподруго 27-годишниот Дејан Петрушев од Велес. Крстот во претходно осветените води на Вардар по традиција за Војордан –Водици од Мало мовче во Велес го фрли Владиката Агатангел.

Петрушев изјави дека е пресреќен што по вторпат едноподруго го фаќа крстот во осветените Вардар во Велес,а тој веќе 12 години се фрла да го фати крстот.

Појасни дека ова е традиција во неговото семејства, а неговиот татко Тоше Петрушев е еден од најстарите кои порано се фрлале по крстот и кој со неговите другари- неговата тајфа, четири пати го фаќале крстот во Вардар во Велес и двапати во Скопје.Татко му Тоше како доказ го покажа крстот кој тогаш го му го дал Владиката Михаил.

Дејан потенцира дека живее за овој ден, а радоста му е уште поголема бидејќи денеска на Водици им е и куќна слава, воедно најави дека како и минатата година хуманитарно ќе подари дел од собраните пари. Тој во наредниот месец со светиот крст ќе ги посети домовите на православните христијани во градот.

Дејан Петрушев на подарок од Владиката Агатангел доби златно крвче и библија и неколку телевозори и други награди од десетина спонзори, како и цртана икона од Свети Јован Крстител.

Имено, утрово Владиката Агатангел во црквата „Св Спас“ отслужи Света Божествена литургија во сослужение со бројното свештество, а потоа тој предводеше литија поворка на која освен свештеници имаше и граѓани од црквата се’ до до Мало мовче.

Тој од Мало мовче ги освети водите на Вардар, а светиот чин од двете страни на Вардар го проследија повеќе стотици граѓани – православни верници од Велес.

На Епархијата Повардарска која го организира настанот подршка и дадоа волонтерите на Општинскиот Црвен крст кои делеа чаеви, а на помош и годинава во водите на Вардар беа кајакарите од велешките кајакарски клубови и од Здружението за спасители на вода „Македонски спасител“.