Loading Video...
Спорт плус
8. May 2021 - 18:26

Дејан Георгиевски обезбеди настап на ОИ во Токио

Прекрасна вест ни доаѓа од Софија, каде се одржа олимпискиот квалификациски турнир.  Дејан Георгиевски е вториот македонски спортист кој обезбеди учество на Летни Олимписки игри во Токио
 
На квалификацискиот турнир во теквондо во Софија, нашиот репрезентативец во финалето го победи актуелниот олимписки шампион Исаев со 13-6 со што Георгиевски обезбеди историска норма за македонското таеквондо и настап на Олимпијадата. 
 
Претходно тоа го стори и борачот Могамедгаџи Нуров, а каратистот Емил павлов исто така е наш голем адут за претставник на олимписката делегација во Токио