Loading Video...
Македонија
27. July 2021 - 20:12

Дејан Георгиевски и го донесе првото сребро на Македонија од Олимписките игри

Со силен аплауз, солзи радосници на лицата на најблиските, скандирање вака во Бутел се следеше финалето на Дејан Георгиевски. Неговите родители, братот и сестрата на Дејан заедно со членовите на клубот, федерацијата, пријатели и другари сите заедно го бодреа олимпискиот шампион. Видео бимот беше поставен во Основното училиште Св.Климент Охридски каде Дејан пред повеќе од една деценија ја почнал својата успешна приказна.

До овој момент никој не очекувал дека Дејан ќе стигне до Токио каде освои сребро, но сите верувале во неговиот труд. Од Федерацијата велат тој замина на Олимпијада со оваа цел и беше сигурен дека ќе ја  оствари.

Честитки за историската победа пристигнуваат од сите страни. Сребрениот медал вреден како злато напиша претседателот Пендаровски. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски.

Премиерот Заев порача „ Од сѐ срце им честитам на Дејан и на неговиот тим, коишто успешно се изборија за заслужениот медал. Нека овој успех биде поттик за сите, дека со љубов, истрајност и напорна работа, успесите се неминовни.

И лидерот на ВМРО ДПМНЕ го честиташе историскиот резултат на Дејан и неговите тренери браќата Костовски.
„Дејане шампионе донесе радост на Македонија. Вака се сака и брани црвено жолтата, со чест, со одлучност и достоинство.Денес таеквондо Бутел се радува, Македонија може да слави.

Успехот го поздравија речиси сите федерации во државата. Честитки упатија од ФФМ, РФМ, КФМ, фудбалската икона Пандев, Агенцијата за млади и спорт, амбасадата на Јапонија во земјава, и многу други.

„Какво срце! Каков шампион! Честитки за нашиот Дејан Георгиевски и Македонската таеквондо Федерација“, објави фудбалската федерација на Македонија.