Македонија
12. April 2019 - 21:25

Дејан Давидовски баран со меѓународна потерница за настаните на 27 април уапсен во Шведска

Според пишувањата на повеќе македонски медиуми кои се повикуваат на извори од македонското Обвинителство, шведската полиција го уапсила Дејан Давидовски, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста при упадот на Собранието на 27 април 2017 година.

Тој на аеродромот Скаваста во Шведска пристигнал на 7 април, каде што е приведен од граничната полиција. 

Како што стои во објавите на медиумите, обвинителството во Македонија побарало естрадиција за Давидовски, кој е баран со меѓународна потерница.