Дејан Цветановски го фати крстот во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово
Триесет и двегодишниот кумановец Дејан Цветановски го извади светиот крст од осветените води во мини базенот на соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово.
– Седми пат како скокам по крстот. Оваа година успеав, среќен сум и возбуден, изјави Цветановски.
Тој ги повика и другите кои досега не скокале по крстот да се обидат, нагласувајќи дека ја почитува оваа традиција и верува оти светиот крст ќе му донесе здравје и просперитет.
Инаку, Цветановски е вработен во приватна компанија како возач на цистерна. Од свештенството на соборниот храм тој доби икона и свет крст и други пригодни подароци од локалната бизнис заедница.
Претходно во соборниот храм „Свети Никола“ се одржа и литургија по повод празникот Богојавление Водици, на која присуствуваа поголем број верници, од кои дел пресекоа славски колач, зедоа осветена вода и се помолија за здравје, мир и благосостојба.
И во останатите цркви во Куманово денеска се фрлаше светиот крст, а ќе се фрла и во градскиот базен.
Празникот е поврзан со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој од тогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата на овој ден.
Ново на Сител
-
Две жртви и еден повреден во сообраќајката на експресниот пат Штип-Кочани
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк