Џет-Сет
8. May 2019 - 14:13

Дефне од „Вљубениот ерген“ се сврши- ова е нејзиниот избраник

Познатата турска актерка Елчин Сангу, која ја паметиме по улогата на Дефне од серијата „Вљубениот ерген“, присуствуваше не еден концерт заедно со пријателите и момчето Јанус Озгикен.
 
По концертот, актерката, на новинарите им откри интересни детали од својот приватен живот.
 
На прашањето дали планира свадба, Елчин вели:
 
-Јас ништо не планирам. Мислам дека е непотребно да се брза за брак доколку се е во ред со врската. Исто така не сум традиционална личност и не фантазирам за свадба. Менe би ми одговарала мирна вечера во присуство на најблиските и пријателите.
 
По оваа изјава, Елчин изненади дека веќе е свршена со своето момче Јанус.
 
-Таа свршувачка веќе се случи. Така што во таа смисла сум мирна. Датум за свадба не е одреден, ќе видиме, завршува убавата и популарна турска актерка.