„Defender-Europe 21“: Во Драч пристигна амерканска опрема, најголема по Втората светска војна
Во албанското пристаниште Драч пристигна голема американска воена опрема и технологија во рамки на вежбата на НАТО „Defender-Europe 21“.
– Според официјалните лица, ова е најголемата воена концентрација уште од Втората светска војна. Поточно, има околу 700 возила и друга воена опрема од 53-та бригада во Флорида, кои беа растоварени во Драч во изминатите денови, пренесува Ора њуз.
– Албанија е ценет партнер. Нашите војници со заедничка обука ќе ја зголемат меѓусебната активност, градењето оперативна подготвеност и зајакнување на односите. Сето тоа ни овозможува да одговориме на каква било криза, во кое било време, заедно со нашите сојузници и партнери, изјави Тами Мукенфус од американската армија за Европа и Африка.
Во воените маневри ќе бидат вклучени 28.000 американски, сојузнички и партнерски сили од 27 нации за спроведување на истовремени операции во повеќе од 30 области за обука во 12 балтички и африкански земји на Црното Море и од Балканот.
– Албанија, како членка на НАТО од 2009 година, ќе ангажира илјада војници во овој историски настан, бидејќи тоа е најголемата вежба во Албанија и регионот, истакна министерот за одбрана, Нико Пелеши.
Со вежбата, која почнува на 4 мај и ќе трае до 9 јуни, ќе раководи американската војска, а ќе учествуваат членки и партнери на НАТО, меѓу кои и од Македонија, Босна и Херцеговна, Хрватска, Турција, Косово.
Ново на Сител
-
Убедливо водство на Силјановска
-
ОБСЕ/ОДИХР ги објави првичните резултати за првиот круг претседателски избори
-
Хроника на изборни нерегуларности за првиот круг на претседателските избори
-
Анализа на првиот круг од претседателските избори
-
Убедлива победа на Силјановска во првиот круг, Пендаровски најавува продолжување на европската агенда
-
Груби со куфер од пред Општина Чаир побара да си одат четворицата претседатели од албанската опозиција
-
Таткото на Вања Ѓорчевска оди во куќен притвор
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд