Македонија
11. August 2020 - 21:20

Дефект во електродистрибутивната мрежа во Тетово, вечерва се очекува нормално снабдување со струја

Неколку тетовски населби попладнево останаа без електрична енергија откако осум трафостаници останале без напојување затоа што се случил дефект во електродистрибутивната мрежа, соопштија од ЕВН Македонија.  Вечерва се очекува нормализирање на состојбата.

-Дефектот е на 20 киловолтен кабел, кој пукнал, а со тоа без напојување останаа осум трафостаници. Даден е приоритет во санирањето на дефектот и се работи на замена на кабелот. Поради сложеноста во санирањето може да трае уште еден час, информираше Ленче Карпузовски, менаџаер при одделот за комуникации на ЕВН Македонија.

Без напојување со електрична енергија остана западниот дел од Тетово, односно од пазарот и сите останатите населби кон касарната.