Дефект на трафостаница остави без струја и вода делови од Скопје
- Екипите на ЕВН Македонија почнаа со приклучување на дистрибутивната мрежа на дел од корисниците во Скопје кои останаа без струја денеска попладне поради испадот на извод од 110-киловолтната трафостаница „Васил Главинов“. Паралелно се работи на отстранување на дефектот, кој во населбите Бутел, Радишани, Шуто Оризари и Визбегово воедно предизвика прекин во водоснабдувањето затоа што не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици.
Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема. Од безбедносни причини, појаснуваат од ЕВН Македонија, целата трафостаница беше исклучена од напојување со што и корисниците од населбите Топаанско Поле, Бутел, Чаир, Радишани, Васил Главинов – индустриска зона и другите населени места што се напојуваат од таа трафостаница беа без напојување со електрична енергија.
- Откако се изврши комплетен преглед на оштетеноста, откако се виде дека може безбедно да се приклучуваат корисниците дел по дел се приклучуваат на дистрибутивната мрежа, а паралелно ќе се санира и дефектот кој е настанат. Екипите ќе работат цело време се додека корисниците не добијат напојување, изјавија од ЕВН Македонија.
Како што посоочуваат од ЈП „Водовод и канализација“, поради прекинот во снабдувањето со струја не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици во тој реон.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата