Македонија
4. July 2017 - 12:30

Дефект на трафостаница ги остави Гостивар и околината без струја повеќе од еден час

Дефект на трафостаницата и електричните постројки во населбата „шеста зона“ во Гостивар, која се случила претпладне, предизвика прекин на напојувањето со електрична енергија во градот и околните населби подрачје. По повеќе од еден час прекин во снабдувањето со струја, во поголемиот дел од градот состојбата е нормализирана.

Според информациите од ЕВН Македонија, дошло до пожар и експлозија на постројки и 110 киловолтната трафостаницата Гостивар 1, а дефектот настанал во делот со кој управува МЕПСО.

- Додека екипи на МЕПСО кои извршувале редовни работи на одржување на постројките и далноводот, дошло до експлозија пожар, кој набрзо е изгаснат. Заштитата реагирала и го прекинала напојувањето со електрична енергија подрачјето кое се снабдува преку оваа трафостаница. По интервенциите на ЕВН Македонија, по нешто повеќе по еден час, околу 11:30 часот состојбата е нормализирана и при тоа обезбедено е редовно снабдување, изјави портпаролот на ЕВН Македонија, Атанас Ковачевски.

Во тек е постапка која треба да утврди како дошло до опожарувањето на електричните постројки и што го предизвикало дефектот.