Македонија
2. December 2020 - 20:10

Дефект на електроенергетска мрежа во Гази Баба причина за прекинот на парното греење

Дефект на електроенергетската мрежа во реон на Гази Баба, на која е приклучена топлана Исток беше причината за прекин на испорака на топлинска енергија во Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Центар, соопштија вечерва од БЕГ.

-Прекинот на испораката на топлинска енергија во тек на денешниот ден не се должи на дефект во топлана Исток. Дефект на електроенергетската мрежа во реон на Гази Баба, на која е приклучена топлана Исток, беше причината за прекин на испорака на топлинска енергија кон потрошувачите на Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода и Центар, се наведува во соопштението на БЕГ.

Посочуваат дека дефектот на електроенергетската мрежа е отстранет во рок од 50 минути, по што за кратко време беше нормализирана испораката на топлинска енергија до потрошувачите.