Живот
27. December 2018 - 22:12

Дедо Мраз од пеколот: На туѓи деца им делел пакетчиња, двете свои ги закопал во дворот

Американец од Џорџија кој неодамна бив вработен како сезонски Дедо Мраз во локалниот трговски центар, е уапсен откако телата на двете негови деца се пронајдени во дворот од неговата куќа.

Елвин Крокер Сениот (50) никогаш не го пријавил исчезнувањето на своите деца за чие убиство сега е осомничен. Уапсен е кога замениците на шерифот дошле во неговиот дом во градот Савана, за да проверат дали е се во ред со неговата 14-годишна ќерка Мери.

По краткиот разговор, Крокер ги одвел полицијаците во дворот од куќата и им покажал на кое место ги закопал телата на Мери и нејзиниот брат Елвин Јуниор.

Шерифот на округот Џими Мекдуфи рекол дека полицијата добила дојава дека Мери не е видена од октомври. Лицето кое повикало полиција рекло дека стравува дека Мери е мртва, што на крајот се покажало како точно.

Елвин Јуниор наводно се води за исчезнат уште од ноември 2016 година, кога имал 14 години.

„За ниту едно од децата не е пријавено исчезнувањето“, рече шерифот.