Живот
20. March 2017 - 23:33

Децата вриштат, родителите се тепаат на трибини- неколку лица во болница!

Неколку лица завршиле на болница по општата тепачка, која се случила на трибините на стадион во Мајорка, за време на натпреварот на детските екипи на Колеренсе и Аларо.

Конфликтот започнал на теренот меѓу двајца играчи од категоријата меѓу 12 и 13 години, по што родителите на младите спортисти започнале физичка пресметка на трибините, пренесува весникот „Дијарио де Мајорка“.

Во тепачката се вклучиле уште неколку лица, а потоа немилите сцени се преселиле и на теренот. Мировници меѓу двете закрававени страни биле сопругите и мајките на фудбалерите, а мечот бил прекинат.

Колкава била жестокоста на судирот, сведочи и податокот дека неколку лица завршиле во болница со повреди.