Балкан
28. September 2015 - 10:14

Децата сведоци на хоророт: Драган ја уби сопругата па се обеси во штала

Драган С. (46) ја убил својата сопруга со нож, а потоа се обесил во шталата. Телата на сопружниците се пронајдени вчера утро, едното во семејната куќа, другата во дворот.

Како што дознава дрпски Курир, трагедијата се случила ноќта меѓу саботата и неделата.

-Овој брачен пар има три деца, кои утрото затекнале страотна глетка. Мајката била заклана во дворот, а таткото висел во шталата. За настанот е известен јавен обвинител од Јагодина, а повеќе детали ќе се знаат по завршувањето на истрагата, велат извори од полицијата.