Македонија
18. November 2016 - 17:02

Децата Роми се најексплоатирани на улица

Децата роми се најексплоатирани на улица. И покрај бројните  институционални мерки и кампањи, на скопските улици сеуште има деца кои работат за пари. ОД најмала возраст чистат автомобили. Со дел од заработката кришум ќе купат леб за себе а остатокот го даваат на своите родители. Неколкумина деца  делат по една векна,  ја јадат во нехигиенски услови додека повторно не се вклучи семафорот на црвено. А потоа, го земаат сунѓерот во рака и молат бога возачот да се сожали  и да извади по некоја ситна пара од џеб.   Ова е секојдневна слика на градските булевари без разлика не временските услови. Најмногу работа имаат во централното подрачје. Додека останатите на нивна возраст следат настава во соодветни услови и секој ден учат по нешто ново, децата роми се принудени да заработуваат.

Голем дел од децата на улица имаат среќа и се згрижени во дневниот центар во Шуто Оризари. Велат, откако почнале да доаѓаат научиле многу работи. Се грижат за личната хигиена, добиваат топол оброк а по извесно време се вклучуваат и во образовниот процес.  Авдуш е петто одделение и  учи во вечерното училиште. До  пред неколку години родителите не го пуштале да оди на училиште.  Тој е задоволен што учителките од здружението за деца на улица, се грижат за него и му овозможиле да оди на настава.Сега омилен предмет му е македонски јазик.  СЛична судбина има и Руфат кој има 14 години и е четврто одделение.

Улицата не е и не смее да биде дом на ниту едно дете е новата капања на здружението за заштита на правата по повод светскиот ден на детето .

Дневно во центарот  престојуваат над 100 дечиња на најразлична возраст.Одпонеделник до петок тие добиваат грижа, едукација, вклучени се во креативно забавно спортски активности, но најважно со нив се работи од психо социјален аспект за здрав развој , добиваат здравствена за штита, идентификациони документи и советодавни услуги за целото семејство.