Свет
4. January 2019 - 15:30

Деца тргнаа во Дизниленд и живи изгореа во ужасна несреќа на Флорида: Седум мртви и 8 повредени во судар на автопат

Два камиони со приколка и две патнички возила се судрија денеска и пролеаја дизел гориво на автопат во Флорида предизвикувајќи голем пожар во кој загинаа седум луше и повредени се најмалку уште осум, соопштија официјалните лица.

Несреќата се случила на југозападниот дел од автопатот 75, на околу 1,5 километри од Алачуе, во близина на Гејнсвил. Пожарот е предизвикан од околу 190 литри дизел, пренесе АП.

Најмалку осум лица се хоспитализирани, а некои се во критична состојба, извести „Гејнсвил Сан“.

Поручникот Патрик Риордан изјави дека пет жртви биле во патничкото комбе, а една од жртвите е од камионот со приколка.

Локалните медиуми пренесуваат дека во комбето биле деца кои тргнале во Дизниленд.

Спасувачките екипи го изгасија пожарот, а властите соопштија дека сударот го третираат како истрага за убиство, но не соопштија зошто. Пожарот бил толку силен што оштетил делови од патот.