Македонија
22. April 2018 - 9:30

Дебрчани денeска на протест против изградбата на регионална депонија

Денеска  со ѕвонење на сите црковни камбани во општината  во траење од 15 минути симболично ќе биде најавен почетокот на еко револуцијата, жителите со блокирање на магистралниот пат Кичево-Охрид во двата правци и ќе бараат стопирања на изградбата на регионална депонија.

Денеска од 10:00 - 15:00 часот поради јавен собир на магистралниот пат Кичево - Охрид кај месноста викана Ботун сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а од 12:00 - 14:00 часот ќе има незименично пропуштање на возила.

Граѓаните на општина Дебарца кои на референдум се изјаснија дека се против одлуката да се гради регионална депонија во атарот на селото Годивје  ја имаат подршката и од градоначалникот Ногачески.

Тие се одлучни дека во Дебрца нема да дозволат изградба на регионална депонија ,бидејќи станува збор за локација која  се наоѓа во сливот на Охридското Езеро, кое е заштитено од УНЕСКО и претставува своевиден споменик на природата, каде се откриени вредни археолошки наоѓалишта.