Македонија
7. August 2020 - 15:54

Дебрани и жители од Пешкопеја физички се пресметувале во центарот на Дебар

Двајца жители на Дебар и двајца на соседниот албански град Пешкопеја нешто по полноќ физички се пресметувале во центарот на Дебар,нарушувајќи го јавниот ред и мир.

– Денеска во 00:10 часот, пред угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември“ во Дебар, нарушен е јавниот ред и мир со вербална расправија меѓу двајца дебрани и двајца жители на Пешкопеја, Република Албанија. Расправијата преминала во физичка пресметка помеѓу Д.З.(29) и С.Л.(29), двајцата од Пешкопеја, од една, и С.Ц.(26) и И.М.(26), двајцата од Дебар, од друга страна, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека против четворицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Димоски информираше и во врска со непочитувањето на мерката носење лична заштита на лицето заради спречување на ширење на заразната болест Ковид-19.

Според него, во изминатото деноноќие, на подрачјето кое го покрива дебарското одделението за внатрешни работи, полициските службеници констатирале осум прекрошоци, за што им се издадени прекршочни платни налози.