Loading Video...
Бизнис
30. јуни 2019 - 19:37

Дебата за законот за работни односи

Тим од експерти, членови на националната комисија во соработка со синдикатите, реалниот и граѓанскиот сектор, работи на усогласување на Законот за работни односи со европската регулатива. Поглавјето 19 од пристапните преговори за членство во Унијата, меѓу другото предвидува воспоставување на дијалог помеѓу работодавачите и вработените и намалување на невработеноста кај младите, што претставува горлив проблем.

- Ние имаме висока стапка на невработени млади и тоа е некаде околу 55 %, што е навистина многу висока. Се обидуваме да видиме каде се вистинските проблеми за вработување на младите, за да не ја напуштат нашата држава или да се вратат назад- изјави  Милева Ѓуровска, координатор на национална комисија. 

Нацрт Законот за работни односи се уште не е влезен во собраниска процедура, поради тоа што траат дебатите, кои треба да продуцираат Закон кој ќе биде применлив и ќе нема дупки кои некој би ги злоупотребувал. Меѓутоа, експертите забележаа дека отсуствуваат работодавачите.

- Мислевме дека работодавачите ќе дојдат за да слушнат што е тоа што може да ги подобри работните услови, ама денес немаме работодавачи во нашата сесија-изјави Ѓуровска

 Во поглавјето е предвидено усогласување на работните со семејните односи.  Па така, бремените жени и работниците кои имаат болен член во семејството ќе добијат флексибилно работно време, а ќе бидат опфатени и оние кои работат од дома, кои кај нас ги има, но ги нема Законот за работни односи.