Македонија
20. December 2015 - 10:29

Дебата за употреба на кабанис за медицински цели

Втора јавна дебата на тема „Примената на индискиот коноп и канабиноидите во медицински цели“ ќе се одржи денеска во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства во соработка со Министерството за здравство.

Учесниците на дебатата треба да дискутираат за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во насока на легална и контролирана употреба на производи од канабис за медициснки цели во Македонија.

Според Предлог-законот, канабисот ќе може да се произведува и користи само во Македонија. Ќе може да го произведуваат само правни лица.