Македонија
9. October 2019 - 8:48

Дебата за стратешките приоритети во одбраната и безбедноста по членството во НАТО

Научно-стручна расправа на тема „Стратешките приоритети во безбедноста и одбраната – Република Северна Македонија по членството во НАТО“ ќе се одржи денеска на Факултетот за безбедност во Скопје. Конференцијата се организира во соработка со Кабинетот на претседателот на државата.

Организаторите најавуваат дека конференцијата ќе ја отвори претседателот Стево Пендаровски, а ќе се обрати и деканот на Факултетот за безбедност Никола Дујовски.

Повод за одржување на дебатата е разгледувањето на Предлог стратегијата за одбрана, а се очекува фокусот на дискусиите да биде ставен на стратешките приоритети во безбедноста и одбраната по заокрушувањето на полноправното членство на земјата во НАТО и новите безбедносни предизвици и обврски кои ќе произлезат од целосната евроатланска интеграција.