Македонија
7. March 2018 - 8:24

Дебата за ратификацијата на Инстанбулската конвенција

Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на жената-8 Март. 

Настанот „По ратификацијата: Што е следно по Истанбулската конвенција“ ќе го отвори постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Македонија Луиза Винтон, а ќе присуствуваат премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за здравство Венко Филипче.

Целта е одбележување на ратификацијата на Инстанбулската конвенција од страна на Парламентот во декември минатата година како чекор напред кон превенција и борба против насилството врз жените и дискусија за следните чекори во борбата за елиминација на родово базираното насилство.