Македонија
5. April 2018 - 9:03

Дебата за Програмата за одржлив локален развој и децентрализација

Министерството за локална самоуправа денеска почнува консултативен процес на измените и дополнувањата на Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2015-2020 година и на новиот Акциски план за спроведување на Програмата за периодот 2018-2020.

На настанот најавени се обраќања на министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и претставникот на УНДП Харолд Шенкер.