Македонија
17. October 2015 - 17:49

Дебата за поквалитетно образование и образовен стандард

За неколку дена ќе биде позната предлог локацијата каде ќе се гради новиот студентски дом во СКопје. Подобрување на капацитетите се неопходни и владата во континуитет инвестира во реконструкција и санација на домовите но и на образовните објекти во државата. По половина век се изградија нови сместувачки капацитети, се подобруваат старите а ќе се гради и нов објект. Успешното спроведување на програмата од Кембриџ, отворањето на истражувачки лаборатории,  државните стипендии за студирање на најдобрите 100 универзитети во светот  ја издвојува државата како една од ретките кои може да се пофали со квалитетни студенти кои своето знаење го пласираат не само во државата туку и во големите европски и светски држави. Ова беа дел од темите на кои дискутираа заменикот министер и универзитетски професори на трибината која ја организираше Институтот Павел Шатев.

Македонските студенти и ученици имаат капацитет и можат да бидат конкурентни на европското тло но потребно е взаемна желба и труд за да се подигне целокупниот квалитет на образовниот систем во Македонија смета  Ректорот Боев од УниверзитетотГоце Делчев

Реконструкцијата на блокот Б од стдентскиот Гоце Делчев е речиси при крај. Во следните денови ќе почен постапката и за блокот А. Држават инвестира, но многу е важно општествена грижа и одговорност да имаат и самите ученици и студенти кои престојуваат во нив.

Ристовски информираше дека од 2006 до сега оваа влада го зголемила буџетот за образование за 67 проценти. Отворени се 2 нови универзитети, 25 факултети, значително е намалена партиципацијата за студирање со што се овозможи секој да напредува во едукативниот процес. Со овие средства се изградија 70 нови училишта , реконструирани се околу 350 а до крајот на учебната година предвидени се уште 40тина, изградени се и  85 спортски сали.