Бизнис
31. May 2016 - 8:44

Дебата за обезбедување стручен кадар според потребите на бизнисот

Обезбедувањето стручен и квалификуван кадар во согласност со потребите на бизнисот, е една од темите за кои ќе расправа денеска на седница Регионалната комора со седиште во Охрид.

На седницата ќе биде презентиран Извештајот од спроведеното истражување на Стопанската комора на Македонија за дуалниот модел на средно стручно образование во Република Македонија.

Регионалната комора ќе расправа и за арбитражата и нејзините предности како алтернативен метод за решавање на споровите меѓу деловните субјекти.