Македонија
20. November 2017 - 8:34

Дебата за измени на регулативата за медиумите

Јавна дебата за предлог измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Според најавата, говорници на настанот ќе бидат министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и министерот без ресор задолжен за комуникација, транспарентност и отчетност Роберт Поповски.

Освен претставници на релевантни институции и асоцијации, како што соопштуваат од МИОА, дебатата е отворена за сите заинтересирани граѓани. Целта е сите засегнати страни да придонесат со свои препораки за измени во законската регулатива.