Македонија
3. November 2015 - 14:57

Дебата во СЕП „Очекувања, предизвици и следни чекори во евроинтеграциите“

Во пресрет на најавеното објавување, од страна на Европската комисија, на годинашната Стратегија за проширување и Извештајот за напредокот на Република Македонија, деенска во просториите на Секретаријатот за европски прашања (СЕП) се одржа дебата на тема: „Очекувања, предизвици и следни чекори во евроинтеграциите“.

СЕП соопшти дека денешната дебата е дел од дебатниот циклус „ЕУ Разговори“ во насока на реализирање на ЕУ Агендата 2015, а со цел подобрување на квалитетот на дијалогот во процесот на пристапување во Европската Унија, водејќи се од начелата на инклузивност и трaнспарентност во своето работење.

ЕУ разговорите имаат за цел, преку отворена, стручна и конструктивна дебата, меѓу различни општествени чинители на актуелни теми и прашања, да придонесат кон калибрирање на заеднички ставови, насоки и предлози кои може да водат кон решенија.

На дебатата учествуваа претставници на граѓански организации кои дебатираа за своите очекувања од годинашната Стратегија за проширување  и претстојниот Извештај за напредок на Република Македонија, како и за размислувањата  и предлозите за нивен придонес и натамошна вклученост во процесот, се наведува во соопштението од СЕП.