Македонија
11. September 2018 - 16:32

Дебата во МАНУ за договорот со Грција и референдумот

Научната дебата за договорот од Преспа и официјално почна со учество на политчарите на дебатата .На конференцијата во МАНУ ЗАев порача дека спогодбата го гарантира  македонскииот идентите и јазик, а во исто време ги отвора вратите за интеграција на земјата.

Добивме кристална и недвосмислена потреба за македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Македонци, Македонец, Македонка, Македонско. Како дома, така и во странство. Преведено без ограничувања на сите јазици во светот, идентитет за севкупна употреба. Грција го признава нашиот идентитет. Јазикот ќе се користи слободно секаде, во ОН, НАТО, ЕУ, во сите официјални институции, активности и настани, порача премиерот Зоран Заев пред присутните учесници во првиот дел од расправата насловен како „Меѓународен и политички контекст и значење на Спогодбата“

Пред академиците  се обратија и  американскиот, францускиот и германскиот амбасадор. Се работи за тежок комприс, но воедно и визионерскии прагматичен, истакна Бејли, зборувајки за придобивките од догворот.

Она што се менува со членството во НАТО е дека вие повеќе не сте само соседи кои се обидуваат да се согласуваат, туку сте сојузници и како сојузници имате дадено заложба дека ќе го чувате и територијалниот интергритет и независниоста на вашите сојузници, а тоа е огромна промена во овој дел од светот. Затоа е битно да го зграбите моментот и да сфатите со што се соочувате, што значи тоа суверена независна и безбедна држава, а тоа е она на што се надеваат вашите граѓани изминатите сто години. И конечно ова е спогодба за која граѓаните на оваа земја ќе го дадат својот  глас на 30 септември, годинава, и тој ќе биде нивен договор, а не само на политичарите.

Таки Фити договорот го оцени како добар и економски перспективен. Тој се надева дека ќе се изнајде начин името на  интитуцијата на кој тој е престедател, да не се менува иако со имплементација на спогодбата од Преспа, придавката македонски мора да биде заменета со официјалното име на државата.

Сепак Фити е свестен е дека во академијата има и поинакви мислења во однос на догворот, а е еден од нив е и писателот и академик Радован Павловски кој не може да се помири со тоа дека со догворот ќе стане  еверномакедонски поет.