Македонија
11. December 2015 - 11:03

Дебата „Прогласување на Шар Планина за национален парк“

Дебата на тема „Прогласување на Шар Планина за национален парк“ ќе се одржи денеска во Тетово во организација на граѓанската асоцијација МОСТ, во рамки на проектот „Мобилен парламент“.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање на Македонија дебатата е со почеток во 13:30 часот во ресторан Тетекс АРМ во Тетово. 

На дебатата ќе присуствуваат претставници од невладиниот сектор и од министерството за животна средина и просторно планирање.