Македонија
16. May 2019 - 17:06

Дебата: Пред и по НАТО членството

Членството во НАТО е повеќе од добра инвестиција, и се она што сме го вложиле изминативе три децении треба да резултира со официјално признавање на нашата земја како 30та членка на Алијансата. Сепак, домашните задачи остануваат и никој друг, освен нас самите нема да ни ги реши, костатираа учесниците на конференцијата посветена на состојбите во Македонија пред и по членството во НАТО.

Во НАТО не влегуваат само вооружените сили и поради тоа потребна е поголема кооперативност меѓу инстистуциите за успешно спроведување на реформите, велат од Генералшатбот на АРМ.

Во претстојниот период се очекува новиот претседател Пендаровски да ја официјализира новата структура и формација на АРМ, со што навреме би се продолжило со реализација на започнатиот процес на реформи.