Македонија
6. јуни 2016 - 8:33

Дебата „Париски договор-климатски промени и управување со водите“

Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), по повод Меѓународниот ден за животна средина, во рамките на кампањата „ЕУ Разговори" денеска ќе се одржи дебата на тема „Париски дговор-климатски промени и управување со водите".

На дебата ќе се обрати заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми, а ќе учествуваат и амбасадорката на Франција Лоренс Оер и министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети.

На дебатата ќе учествуваат претставници од владиниот сектор, граѓанските организации и професори кои делуваат на полето на животната средина.