Македонија
9. May 2016 - 8:39

Дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди“ на тема: „Родова еднаквост“

Правниот факултет при Државниот универзитет во Тетово, во рамки на кампањата „Младите за ЕУ“, денеска ќе одржи  дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди“ на тема „Родова еднаквост“.

Воведни обраќања, како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ќе имаат заменик  претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбр Адеми, деканот на Правниот факултет Ферат Полиси и координаторот на проектот Флорида Реџхепи.

На дебатата ќе учествуваат студенти од факултетот, продекани и професори.