Македонија
10. May 2018 - 8:43

Дебата: (Не)Слободни медиуми во Македонија

Дебата на тема „(Не)Слободни медиуми во Македонија“ ќе се одржи денеска во Клубот на новинари во организација на Центар за слобода. 

Учесници на панел-дискусијата се Атанас Кировски, директор и главен уредник на Телма телевизија, Зоран Димитровски, одговорен уредник на неделникот „Фокус“ и Синиша Станковиќ, ЦИВИЛ Медиа.

Поканети се медиумите, граѓанското општество и сите зинтересирани граѓанки и граѓани да учествуваат со свои ставови и мислења за состојбата на медиумите во Македонија и нивната (не)слобода.

Панел дискусијата е дел од проектот на ЦИВИЛ – „Слободни медиуми за слободно општество“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Германија.