Македонија
22. September 2018 - 18:38

Дебата на ДУИ: Лекарите рекоа „Да“ за НАТО и ЕУ

Штабот за референдумот на Демократската Унија за Интеграција  во соработка со Здружението на лекари Албанци  во Македонија и Комората на лекари на Македонија, во Тетово организираа дебатен панел на тема: „Предизвиците на здравствениот систем во насока на Европската интеграција.

Шефот на Централниот штаб на ДУИ за референдумот, Атила Реџепи,  рече дека во целата земја се организираат разни дебати со информативен карактер и една од нив е и денешната дебата при што покана беше упатена до сите лекари што работат во земјата и во странство.

"Ние, со  ова дебата даваме наш придонес сензибилирајќи го лобито на лекари и на здраствените служби, со ова себата имаме за цел што поголемо вклучување во периодот што ни следи,  бидејќи во случај на успешен референдум ќе се отворат и преговорите со Европска Унија а здраството во овој процес има свој удел", рече претседателот на Централниот штаб на ДУИ за референдумот, Атила Реџепи. 

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи воедно и поранешен министер за Здраство рече дека во четврток  официјално почнува процесот на скрининг.

- Ова е првиот пат што една делегација од 50 лица  од службите на администрацијата на Македонија одиме во Брисел каде за два дека ќе ни се даде до знаење се што предвидува Европската Комисија, се што ние потребно за да ја трансформираме нашата легислатива.  Од сите министерства ќе има преставници, при што ќе се вратиме во земјата за да видиме каде сме ние и потоа да ги одредиме нашите празнини за да ни биде појасно каде треба да стигнеме бидејќи треба да го изготвиме акциониот план за да бидеме што по подготвени за време на преговорите. Започна да се подготви јадрото на преговарачката екипа каде се предвидуваат околу 1000 делови од преговарачката екипа вклучувајќи ги тука сите алки на преговарачкиот ланец, опфаќајќи  го тука и здравствениот систем, рече вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. 

Учесник во ова дебата беше и министерот за здраство, Венко Филипче а во дискусијата се вклучија и Проф. Др. Омер Цемаили од Теарце, кардиохирург, доктор Флорим Цуцули од Кичево кардиолог и предавач во Универзитетот во Базел, доктор Гзим Рецепи, интернист во Загреб и претседател на Одборот на клиничката болница "Свети ДуХ" во Загреб.