Дебата „Азил - меѓународна и привремена заштита“
„Азил - меѓународна и привремена заштита“ е тема на втората сесија на на Работната група 4 – Правда, слобода и безбедност (Поглавје 24), што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Националната конвенција за Европска унија во Република Македонија (НКЕУ-МК).
Целта на оваа работна сесија е да ја вклучи стручната јавност во дебата на која ќе се расправа за важноста на проблематиката поврзана со меѓународната и привремена заштита на лицата што бараат азил.
Мигрантската криза и нејзините последици ја зголемија нејзината актуелност во Европската унија во Република Македонија наметнувајќи ја потребата од нов пристап и нови прописи.
На дебатата се очекува да се анализираат недостатоците и придобивките од новиот Закон за меѓународна и привремена заштита, кој од стручната јавност и од невладиниот сектор е оценет како чекор напред во обезбедување подобри решенија, усогласени со директивите на ЕУ, особено во очекување на реформите на системот на азил во ЕУ.
Во дебатата ќе се вклучат претставници на релевантните институции, претставници на академската средина, граѓанскиот сектор, синдикални организации, релевантни меѓународни здруженија и други заинтересирани стручни лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорката на Лигата за човекови права на Република Словачка, Сузана Штевулова.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација