Loading Video...
Фудбал
10. February 2019 - 18:55

Дебакл на Челзи, пораз од 0-6 на гостувањето кај Манчестер Сити

Во дерби дуелот од 26.коло на англиската Премиер лига, Манчестер Сити убедливо со 6-0 го победи Челзи.
 
Актуелниот англиски шампион го отвори резултатот уште во 4.тата минута од средбата со голот на Рахим Стерлинг. 
 
Следуваа два гола на Серхио Агуеро во 13-тата и 19-минута, а во 25-тата Илкај Гундоган зголеми на 4-0.
 
Во вториот дел во до хет-трик стигна Агуеро кој во 56.минута реализира пенал. 
 
По втор пат во листата на стрелци се запиша и Стерлин (80.мин.) поставувајќи ги конечните 6-0. 
 
Со новите три освоени бодови Манчестер Сити се врати на првото место на табелата, со 65 бодови колку што има и Ливерпул кој пак има и натпревар помалку.