Свет
9. May 2017 - 8:18

Де Мистура: Нова рунда преговори за Сирија на 16 мај

Нова рунда мировни преговори за Сирија, каде веќе шест години се одвива граѓанска војна, под покровителство на ОН ќе започнат следната недела во Женева, соопшти синоќа кабинетот на специјалниот претставник на ОН за Сирија Стафан де Мистура. 

Специјалниот претставник Де Мистура повторно ќе свика внатрешно-сириски преговори под покровителство на ОН во Женева на 16 мај 2017 година, стои во соопштението на ОН.