Фудбал
27. July 2016 - 12:16

Де Лаурентис: Игуаин не „предаде“

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис го нарече Гонзало Игуаин „предавник“, поради одлуката да го напушти клубот и да се пресели во Јувентус.
 
„Тој е предавник! Не претерувам, не можам со други зборови да го опишам тоа што ни го направи“, рекол претседателот на Наполи.
 
Инаку, Де Лаурентис немал намера да преговара со Јувентус околу трансферот, но откако клубот од Торино решил да ја активира откупната клаузула, морал да го прифати состанокот.
 
„Иднината започнавме да ја планираме половина час откако нѐ известија дека Јувентус е подготвен да ја исплати откупната клаузула. Ни стана јасно по првите изјави на менаџерот и на братот на Игуаин дека ќе мора да бараме нов напаѓач“, открил Де Лаурентис.
 
„Лично не верувам дека ќе замине, сѐ уште не можам да поверувам дека на ваков начин ги избриша трите години кои ги мина во Неапол. Некои сметаат дека зборот „предавник“ е претеран, но јас не се согласувам. Тој збор го опишува она што ни го направи“.
 
„Повеќе не сакам да зборувам за Игуаин и за клубот во кој замина. Имав одреден респект кон тој клуб. Во ред, тие ја активираа откупната клаузула, сѐ направија според прописите, со исклучок на тајниот лекарски преглед во Мадрид, но таков е фудбалот. Фудбалот понекогаш е суров и во него нема место за никакви сентименталности“, завршил Де Лаурентис