Балкан
8. December 2015 - 12:50

Давутоглу: Турција ги разгледа сите можни мерки против Русија и ќе наложи санкции ако е неопходно

Турција разгледала можни мерки против Русија и ќе наложи санкции доколку тоа е неопходно, изјави турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска, но додаде оти Анкара останува отворена за разговори со Москва, пренесе БТА.

Русија и наложи на Турција серија санкции, откако турските военовоздухопловни сили соборија руски воен авион крај сириско-турската граница минатиот месец.

Давутоглу говореше на состанокот на парламентарната група на Партијата на правдата и развојот.