Свет
10. February 2016 - 17:49

Давутоглу: Сириските сили и Русија спроведуваат етничко чистење

Силите на сириската Влада со поддршка на Русија спроведуваат намерна политика на етничко чистење околу северниот сириски град Алепо, изјави денеска турскиот премиер Ахмет Давутоглу.

- Една од целите на најновите напади е спроведување на етничко чистење, рече Давутоглу.

- Етничкото чистење во Сирија и во Алепо има за цел останување само на приврзаници на режимот и го спроведуваат намерно сирискиот режим и Русија, додаде турскиот премиер.

Тој наведе дека секој бегалец кој го прима Турција помага за етничкото чистење, но дека таа сепак ќе продолжи да прима бегалци.