Балкан
13. February 2016 - 21:03

Давутоглу се закани со воена акција против сириските Курди

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу денеска се закани дека Турција би можела да преземе воена операција против партијата на сириските Курди, Демократската унија, која Анкара ја смета за терористичка организација поврзана со Курдската работничка партија (ПКК). 

- Ако е неопходно ние би можеле и во Сирија да преземеме исти мерки како и во Ирак и Кандили (ирачки Курдистан), изјави Давутоглу во обраќање во градот Ерзинџан во источна Турција, додавјаќи дека во таков случај Анкара очекува поддршка од „своите пријатели и сојузници“. 

„Истите мерки“ кои ги спомена Давутоглу се однесуваат на серијата возудшни напади врз позициите на ПКК во северен Ирак што ги презеде турската армија од средината на 2015 година. 

Во меѓу време, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека турската армија денеска извршила напади врз реони во северната сириска провинција Алепо, кои се под контрола на силите на Демократската унија.

Центарот посочува дека главнината на турските напади била насочена врз воениот аеродорм Миниг, северно од градот Алепо, кој силите на сириските Курди го презедоа од исламистичките бунтовници во средата.