Давутоглу: Постои опасност од стотици илјади нови сириски бегалци
Во вчерашниот телефоннски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, турскиот премиер Ахмет Давутоглу предупредил на опасноста од „нов бран од стотици илјади бегалци“, доколку силите на сириските Курди почнат офанзива во Сирија, објави германскиот весник „Дојче Виртшафтс Нахрихтен“.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, весникот наведува дека и покрај меѓунарните апели за запрање на воените активности, Давутолгу во телефонскиот разговор најавил нови напади врз позициите на силите на сириските Курди во северна Сирија.
Давутоглу нагалсил дека Турција сака да ја спречи „агресијата од страна на курдските сили“, која доколку не биде спречена, според него, ќе предизвика нов бран од неколку стотици илјади бегалци.
- Владата на Турција е последната надеж на Меркел за надминување на бегалската криза и затоа таа мора да ги прифати турските воени акции, кои дополнително ја комплицираат ситуацијата во регионот, оценува весникот.
Турција, која во саботата почна со напади врз позициите на силите на сириските Курди во северена Сирија, предходно ги одби повиците на САД и Франција за запрање на овие операции.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти на протест – нема корекција на плати пред избори, им вратија надлежните
-
Студентите не можат да ги искористат можностите во целост бидејќи Македонија не ги следи европските трендови
-
Македонија со најмал број студенти по новинарство во регионот, преку проекти се нуди решение за проблемот
-
Србија на нозе, втор ден се трага по 2 годишната Данка
-
Преглед на вестите од светот
-
Централна прослава за членството во НАТО
-
Тошковски: Сериозно сум загрижен за изборниот процес
-
Азески: Нема да дозволиме да не лажат политичарите