Балкан
1. January 2016 - 14:32

Давутоглу: Новиот устав ќе ја унапреди демократијата на Турција

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изрази надеж за подобра иднина на Турција во 2016 одина и изјави дека неговата Влада работи на новиот Устав, кој ќе ја унапреди демократијата на земјата.

- Се надеваме дека ќе го зголемиме нашиот успех, кој трае од 2002 година, со новиот устав, рече Давутоглу  синоќа во неговата новогодишна порака. 

- Новиот устав што го подготвуваме ќе ја одведе Турција кон стандардите на една напредна демократија. Тоа ќе биде политички договор, со кој сите граѓани ќе се гордеат и ќе го прифатат, додаде Давутоглу.

Актуелниот Устав е донесен во 1982 годин по воениот преврат од 12 септември 1980 година и тој оттогаш претрпе неколку измени.