Македонија
15. May 2017 - 17:00

Давитковски: Пратениците итно да усвојат законски измени, локалната самоуправа ќе биде блокирана

Собраниска седница е единствено решение за деблокада на локалната самоуправа. Професорот Борче Давитковски од правниот факултет за Сител вели дека две алтернативи стојат пред народните избраници, но тие мора да седнат во пратеничките столчиња.

- Под итно треба да ги надминат партиските интереси и да заседаваат. Или да направат дополнување на изборниот закон, тоа е едно членче, а останува на нив кога ќе се договорат да бидат изборите или па да се обезбеди двотретинско мнозинство и во законот за локална самоуправа да се предвиди мандатот на градоначалниците и членовите на општинските совети да се продлжи до изборот на нови. Тоа се двете алтернативи како излезно решение. Во секој случај парламентот треба да заседава за да ги изврши измените и претседателот да може да ги распише локалните избори, вели Давитковски.

Професорот Давитковски вели дека без одлука на Парламентот, граѓаните ќе ги изгубат уставно загарантирантираните права, а општините ќе бидат во целосна блокада.

Следниот потег останува во рацете на партиите, кои треба да одлучат дали интересот на граѓаните ќе го стават пред партискиот.