Кошарка
30. May 2018 - 16:53

Давитков го соопшти списокот за последниот претквалификациски дуел

Нашите најдобри кошаркари кон крајот на месец јуни ги очекува последниот меч од претквалификациите за ЕП 2021г  со Швајцарија на гостински терен.

Селекторот Јорданчо Давитков очекува добри подготовки иако на списокот што го објави денеска недостасуваат повредениот Љубомир Младеновски како и натурализиран кошаркар откако Хендрикс се повлече.

Нашата репрезентација досега одигра три средби со исто толку победи, две против Словачка и една против Швајцарија на домашен терен.

Списокот на повикани кошаркари изгледа вака:

А-тим : Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Димитар Караџовски, Бобан Стајиќ, Андреј Магдевски, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Кирил Николовски, Андреј Маслинко и Александар Штерјов.