Давитков бара усогласување на календарот за подготовки на националниот тим | Сител Телевизија
Loading Video...
Кошарка
13. July 2018 - 14:48

Давитков бара усогласување на календарот за подготовки на националниот тим

Нови проблеми за македонската кошаркарска репрезентација пред стартот на подготовките за квалификацискиот циклус за ЕП кој започнува во Септември. 
Селекторот Јорданчо Давитков на прес конференција објасни дека е тешко да се усогласат клубските и репрезентативните обврски. 
 
Давитков покрај селекторската функција го предводи и тимот на Ал Кадисија од Кувајт и проблемот се јавува што треба долго да отсуствува од клубот поради 35- дневните подготовки на репрезентацијата. 
Селекторот на црвено-жолтите објасни дека може да работи само 20 дена со најдобрите кошаркари и порача проблемот да го разгледа и разреши МКФ или да  се промени планот за подготовки. 
Македонската репрезентација одигра солидни претквалификации и е на пат да се врати на старите патеки но овој  ритам сигурно може да го запре  заминувањето на Давитков од Кормилото. Од Федерацијата најавија дека ќе го разгледаат проблемот и по направените анализи ќе  објави официјалниот став.